КОИ СМЕ НИЕ?
Живинарската фарма опстојува на пазарот уште од 1970 година, каде после повеќе претрпени трансформации, веќе од Март 2013 година до денес е во сопственост на Кирил Гогов под името Живино-Пром ДООЕЛ и претставува една успешна бизнис приказна.
Фармата се наоѓа во непосредна близина на градот Штип од само 3км, по регионалниот пат во правец Штип-Радовиш.
Распространета е на вкупна површина од 34.000 метри квадратни земјиште каде се распоредени објектите за огледување на несилките, заедно со останатите придружни објекти за потребите на производството.
Нашата филозофија
Живинарската фарма Живино-Пром е олицетворение на посветеност кон одговорни земјоделски практики, благосостојба на живината и производство на свежи јајца со премиум квалитет, користејќи најсовремена технологија и опрема. Нашата филозофија опфаќа:
1. Обезбедување на живината со комфорна средина за живеење, каде ќе можат да опстојуваат во согласност со природата на нивно однесување.
2. Балансирана исхрана составена од високо квалитетни зрна и хранливи материи, обезбедувајќи виталност и здравје на живината.
3. Имплементирање на највисоки стандарди за хигиена и безбедност, гарантирајќи свежина и чистота на нашиот краен продукт – јајце.
Процес на производство
Живино-Пром ДООЕЛ е живинарска фарма која се занимава со производство на свежи, конзумни јајца со врвен квалитет.
- Производството на јајца Живино-Пром го започнува со набавување на пилиња, кои се чуваат и одгојуваат во посебна работна единица (објект) од еднодневни пилиња до 16 неделни јарки, кои во соодветни услови се припремаат за да го започнат својот продуктивен век.
- Интензивното производство на јајца се одвива со експлоатација на несилките за период од 12-15 месеци по вселување на јатото.
- Составен дел од целокупниот производствен процес е посебното внимание на хранење на живината според внимателно одбрана рецептура која резултира со квалитетни и здрави јајца, спремни за конзумација.
Видови несилки
Lohmann Brown – кои несат жолти јајца
Lohmann White – кои несат бели јајца
Технологија и инфраструктура
Засега фармата ја сочинуваат 1 објект во КО село Радање за еднодневни пилиња кои се одгледуваат и чуваат до 16 недели и овој објект има капацитет од 40.000 пилиња во турнус и располага со опрема Big Dutchman Natura Primus 3R. Потоа има 6 активни објекти за одгледување несилки опремени со современа опрема по ЕУ стандарди – Big Dutchman Eurovent1500, со капацитет до 100.000 несилки (кокошки).Останати придружни објекти се: објект за сортирање и пакување на јајца кој располага со комплетно нова машина за пакување и класирање на јајца, Moba Forta GT 60 со капацитет до 21.600 јајца/час, магацин за готов производ (јајца) и амбалажа, како и целосно автоматски млин за производство на сточна храна за сопствени потреби со капацитет од околу 3.5 тони/час.
Одгледувањето на несилките во фармата е т.н. Кафезен систем на одгледување.
Процесот на производство, сортирање и пакување на јајцата е автоматизиран
Самиот технолошки процес опфаќа неколку фази:
- Одгледување на пилињата од еднодневни, се до 16 неделни јарки
- Вселување на 16 неделните јарки во објектите за одгледување несилки каде го започнуваат својот продуктивен век
- Автоматско регулирање на микроклимата во сите 6 објекти за одгледување на несилките
- Производство на висококвалитетна сточна храна во сопствен целосно автоматизиран млин, каде преку автоматски ленти храната пристигнува во секој од објектите со живина
- Автоматска лента за хранење и поење на живината
- Автоматска манипулација на јајцата во објектите за одгледување
- Автоматско транспортирање на јајцата од објектите за одгледување до сортирница
- Сортирање, пакување и експидит на јајцата
- Празнење на објектите по завршување на турнусот (иселување на живината)
- Припрема на објектите за ново вселување
Безбедност и квалитет на јајца
Наша примарна цел е добивање високо квалитетен краен производ – јајце.
За безбедноста на јајцата се применува системот за самоконтрола и анализа на опасностите и критичните контролни точки – НАССР при производството и дистрибуцијата на јајцата. Ова гарантира дека јајцата се безбедни за консумација и се со највисок квалитет.
Во тек е имплементација на IFS стандард за добивање на IFS сертификат за квалитет и безбедност на храна, кој е прифатен не само во европските земји туку и во целиот свет. IFS стандардот (International Featured Standards) како глобален стандард обезбедува детална ревизија на процесот и производот во однос на безбедноста и квалитетот на храната.
Нашиот производ е наменет за човечка исхрана за сите групи на потрошувачи со претходна термичка обработка (варење, пржење и сл.), како и за употреба во прехранбената индустрија.
ПРОИЗВОДИ
Бренд: Живино
Големина: Медиум (M)
Тежина по јајце: 53-63 гр.
Класа: А класа
Боја: бели/жолти
Комерцијално пакување: 10ком.
Бренд: Живино
Големина: Медиум (M)
Тежина по јајце: 53-63 гр.
Класа: А класа
Боја: бели/жолти
Комерцијално пакување: 15ком.
Бренд: Живино
Големина: Медиум (M)
Тежина по јајце: 53-63 гр.
Класа: А класа
Боја: бели/жолти
Комерцијално пакување: 15ком.
Бренд: Живино
Големина: Large (L)
Тежина: 63-73g
Класа: А класа
Боја: бели/жолти
Комерцијално пакување: 6ком.
Бренд: Живино
Големина: Large (L)
Тежина: 63-73g
Класа: А класа
Боја: бели/жолти
Комерцијално пакување: 10ком.
Бренд: Живино
Големина: Large (L)
Тежина: 63-73g
Класа: А класа
Боја: бели/жолти
Комерцијално пакување: 15ком.
Бренд: Живино
Големина: Large (L)
Тежина: 63-73g
Класа: А класа
Боја: бели/жолти
Комерцијално пакување: 30ком.

