Процес на производство
Живино-Пром ДООЕЛ е живинарска фарма која се занимава со производство на свежи, конзумни јајца со врвен квалитет.
- Производството на јајца Живино-Пром го започнува со набавување на пилиња, кои се чуваат и одгојуваат во посебна работна единица (објект) од еднодневни пилиња до 16 неделни јарки, кои во соодветни услови се припремаат за да го започнат својот продуктивен век.
- Интензивното производство на јајца се одвива со експлоатација на несилките за период од 12-15 месеци по вселување на јатото.
- Составен дел од целокупниот производствен процес е посебното внимание на хранење на живината според внимателно одбрана рецептура која резултира со квалитетни и здрави јајца, спремни за конзумација.

