Живинарската фарма опстојува на пазарот уште од 1970 година, каде после повеќе претрпени трансформации, веќе од Март 2013 година до денес е во сопственост на Кирил Гогов под името Живино-Пром ДООЕЛ и претставува една успешна бизнис приказна.
Фармата се наоѓа во непосредна близина на градот Штип од само 3км, по регионалниот пат во правец Штип-Радовиш.
Распространета е на вкупна површина од 34.000 метри квадратни земјиште каде се распоредени објектите за огледување на несилките, заедно со останатите придружни објекти за потребите на производството.